Правилник

Станбен Управител

(1) Управувањето со станбените згради претставува следење и спроведување на одлуките донесени од собирот на сопствениците на посебните делови во зградата, застапување во правниот промет и во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда.

(2) Работите на управување од ставот (1) на овој член може да ги врши управител или заедница на сопственици за што сопствениците на посебните делови се должни да донесат одлука со која ќе одлучат овие работи да ги врши управител или заедница на сопственици.

(3) Управителот за вршење на дејностите на управувањето со станбената зграда треба да поседува лиценца што ја издава Регулаторната комисија за домување.

Права и обврски на управителот

Управителот ги има следниве права и обврски:

1) ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови;

2) се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови;

3) ги застапува сопствениците на посебните делови во работите на управување и во име на одделни сопственици поднесува тужба за ослободување од обврската за плаќање, односно тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебниот дел;

4) ги застапува сопствениците на посебните делови пред управните органи во работите на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки, во врска со станбената зграда и земјиштето, како и за други работи поврзани со управувањето; 8 од 53 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 38 од 21.3.2012 година

5) подготвува план за одржување на станбената зграда, план со динамика за спроведување на овој план и се грижи за спроведување на планот;

6) подготвува пресметка на трошоците на управување на станбената зграда и ги распоредува трошоците меѓу сопствениците на посебните делови;

7) ги прима уплатите на сопствениците на посебни делови врз основа на месечна пресметка и ги плаќа обврските од договорите склучени со трети лица;

8) ги информира сопствениците на посебните делови за својата работа и им доставува месечни и годишни пресметки;

9) изготвува годишен извештај за управување со објектот;

10) во согласност со одредбите од овој закон стопанисува со резервниот фонд;

11) врши набројување и нумерирање на становите и го пријавува уписот на податоците во органот што ги води јавните книги на недвижностите.

12) треба да ги познава стандардите и нормативите за пристапност на лица со хендикеп во станбениот објект.

13) Во споровите против обезбедувачот и изведувачите на работи поради делумно и нецелосно исполнување на обврските на обезбедувачи или изведувачи на работите на управување на станбената зграда, односно поради штетата причинета на заедничките делови на станбената зграда, управителот може да поднесе тужба против обезбедувачот, изведувачот или третото лице причинител на штетата и во свое име.

14) Правата и обврските на управителот од ставовите (1) и (2) на овој член не смеат да се исклучат или ограничат со договор за заемни односи и со договор за вршење на управувачки услуги или други правни дела.

15) Управителот може да има и други овластувања утврдени со овој закон и со договорот за вршење на управувачки услуги.

Тековно одржување

(1) Управителот е должен редовно да се грижи за вршење на поправки од помал обем (замена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи, замена на резервни делови и слично) на заедничките делови на станбената зграда. Трошоците за овие поправки ги поднесуваат сопствениците на посебните делови сразмерно на големината на нивните посебни делови.

(2) Извршувањето на работите од ставот (1) на овој член управителот го врши според настанатите потреби и по свое наоѓање и за извршените работи е должен во рок од 15 дена да состави писмен извештај и да го достави на собирот на сопственици.

Постапка за склучување договор со Витториа Сервис ДООЕЛ

Ако во станбена зграда има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сопствениците на посебните делови можат да определат со станбената зграда да управува управител. За да може да склучите Договор за управувачки услуги со Витториа Сервис ДООЕЛ, потребно е да донесете писмена согласност од мнозинство на станари 51% од станбениот објект.  Потоа потребно е да изберете лице Овластен претставник на влезот, односо лице за контакт со Управителот, и двајца или повеќе членови на надзорен одбор во зависнот од бројот на станари.  Целокупната документација можете да ја добиете на меил доколку истата биде побарана од наша страна за склучување на Договор за управуавчки услуги.

Доколку сте регистрирани како заедница на сопственици на посебни делови, а сакате да склучите договор за Управување со нас, ние ја превземаме целата постапка за бришење на Заедницата на сопственици на посебни делови. Нашата услуга за бришење на заедницата е БЕСПЛАТНА. Виториа Сервис ДООЕЛ  ја поседува целата документација потребна за бришење на заедницата. Ваша обврска е да донесете Тековна состојба на Заедницата и печати од Заедницата.

Резервен фонд

Сопствениците на посебните делови задолжително формираат резервен фонд.

Управување со резервниот фонд

(1) Висината на износот за посебните делови во резервниот фонд, најниската вредност на истиот, како и видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, ги пропишува министерот надлежен за работите од станбено-комуналната област, на предлог на Регулаторната комисија за домување во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата.

(2) Сопствениците на посебните делови во станбена зграда што е постара од 15 години, во планот за одржување можат да утврдат повисок износ на месечната уплата во 14 од 53 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 38 од 21.3.2012 година резервниот фонд, во однос на пресметаната вредност на работите на одржувањето и планот на одржувањето од членот 12 на овој закон.

(3) Владата на Република Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, станбените фондови и непрофитните станбени организации, можат да основаат свои резервни фондови во рамките на своите наменски средства и во тој случај не се должни да уплатуваат средства во резервниот фонд основан за одделна станбена зграда во која имаат станови или деловни простории во сопственост.

Раководење со средствата од резервниот фонд

(1) Управителот е должен да обезбеди сите уплати на сопствениците на посебните делови во резервниот фонд да се евидентираат сметководствено одвоено од имотот на управителот.

(2) Управителот води сметка сите плаќања од страна на сопствениците на посебните делови во резервниот фонд да се насочат на посебната сметка за оваа намена.

(3) Ако управителот врши управувачки услуги за повеќе станбени згради, тогаш за средствата на резервните фондови е должен да води одвоена сметководствена евиденција за секоја станбена зграда и секој сопственик.

Начин на располагање со средствата на резервниот фонд

Со паричните средства на резервниот фонд располага управителот согласно со овој закон и одлуките на собирот на сопствениците.

Користење на средствата на резервниот фонд

(1) Средствата на резервниот фонд можат да се користат само за трошоците за одржување и потребните подобрувања предвидени во планот за одржување и за нужните работи на одржувањето.

(2) Нужните работи на одржување се работи на одржување кои не се предвидени во планот за одржување и кои не би било разумно да се одолговлекува, бидејќи нивното неизвршување би значело значително влошување на условите за престој за сите или некои одделни делови на повеќестанбената зграда или, пак, поради неизвршување би можела да настане поголема штета на одделните делови на станбената зграда, односно на трети лица. За нужни работи на одржување се сметаат и работите на одржување утврдени со судска одлука од членот 13 на овој закон, како и за плаќање на трошоци за водење на постапки пред државните органи.

(3) Ако сопственикот не го уплатува својот дел во резервниот фонд, управителот писмено го повикува да го стори тоа.

(4) Доколку сопственикот не го плати својот дел во рок од 30 дена од денот на приемот на повикот, управителот поведува постапка за наплата на долгот пред надлежниот суд и истовремено го известува овластениот инспектор за домување на општината.

Ограничување на извршување на средствата од резервниот фонд

Средствата од резервниот фонд не можат да бидат дел од стечајната маса на управителот наменет за намирување на побарувањата истакнати од страна на неговите доверители. 15 од 53 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 38 од 21.3.2012 година

Забрана за враќање на уплати

Сопствениците на посебните делови не можат да бараат враќање на износите уплатени во резервниот фонд.